Дома Фудбал Германија Бундеслигата го објави датумот на почетокот на новата сезона

Бундеслигата го објави датумот на почетокот на новата сезона

Фудбалерите на Баерн Минхен одбраната на титулата во Бундеслигата ќе ја започнат со гостување кај Вердер Бремен во Бремен, потврдија денес од раководството на најсилната германска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со тој натпревар кој е закажан за 18 август ќе започне новата сезона во германскиот шампионат. Пред тоа, Баерн на 12-ти август ќе игра против Лајпциг во германскиот Суперкуп.

Борусија Дортмунд, која минатата сезона ја загуби титулата поради полоша гол разлика во однос на Баерн, новата сезона ќе ја започне на домашен терен со дуелот против Келн.

Првата големо дерби од сезоната помеѓу Баерн и Дортмунд ќе се одигра во Дортмунд на 3, 4 или 5 ноември, додека двата тима ќе се сретнат во Минхен на 30 или 31 март 2024 година.

Следната сезона во Бундеслигата ќе заврши на 18 мај 2024

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Како гром од ведро небо – Рубен Аморим ја презема клупата на европскиот гигант!

Португалскиот стратег Рубен Аморим е во директни разговори со италијанскиот гигант Милан з…