Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бразилците тврдат: Повредата на Марсело била од душекот во хотелот!

Бразилците тврдат: Повредата на Марсело била од душекот во хотелот!

Од редовите на бразилскиот национален тим претпоставуваат дека повредата на Марсело на грбот не е резултат од нешто што се случило за време на мечот со Србија.

Левиот бек на Реал Мадрид синоќа го напушти теренот со болки во грбот, но добрата вест е дека не станува збор за сериозна повреда, па Марсело сигурно ќе биде спремен за осминафиналниот дуел со Мексико.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Натпреварот со Мексико се игра во понеделник и до тогаш Марсело ќе биде спремен за игра, но лекарскиот тим на Бразил има интересна теорија како дошло до повредата.

„Повредата може да е причинета од душекот на неговиот кревет во хотелот во Москва“, коментираше лекарот на „кариоките“ Родриго Ласмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фудбалерите на Кадиз избегнале голема трагедија!

Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој лен…