Дома Фудбал Останато Бразилецот со италијански пасош испиша историја: Никој друг како него!

Бразилецот со италијански пасош испиша историја: Никој друг како него!

Вест Хем вчера оствари голем успех освојувајќи ја Конференциската лига и тоа беше само нивна втора европска титула во клупската историја. Оваа титула беше посебна и за левиот бек на „чеканите“, Емерсон Палмери.

Бразилецот со италијански пасош одигра цел натпревар и доби нова висока оценка од експертите на УЕФА, но стана и посебен во светот на фудбалот по едно нешто.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Палмери стана првиот играч во историјата на фудбалот кој ги освоил сите натпреварувања на УЕФА. Покрај Конференциската лига, тој со Челзи ги освои Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Освен тоа тој може да се пофали и со освоен Суперкуп на Европа и Европско првенство како репрезентативец на Италија.

Ќе потсетиме, Жозе Мурињо минатата година по освоената титула со Рома стана првиот тренер кој триумфирал во сите три клупски европски натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…