Македонската таеквондистка Мила Рељиќ стигна до голема победа на стартот од турнирот во Париз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Против себе Рељиќ ја имаше двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, но тоа не ја спречи да стигне до голема победа.
Победата Рељиќ ја најави уште во првата рунда која ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар на 20-тина секунди до крајот. Втората рунда и припадна на Џонс со 4:5. Одлучувачката трета рунда заврши 1:1, но Рељиќ беше победничка поради поголемиот број удари.