Дома Фудбал Босанскиот голман застана пред навивачите: Нема излегување, нема кафе додека не ја вратиме репрезентацијата!

Босанскиот голман застана пред навивачите: Нема излегување, нема кафе додека не ја вратиме репрезентацијата!

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е едно од најголемите разочарувања во квалификациите за Светското првенство.

Во групата Д во која беа сместени Босна освои само седум бода во осум натпревари и заврши како четврта што е големо разочарување. Вчера беа поразени од Украина со 0:2. После овој натпревар голманот Ибрахим Шехиќ застана пред навивачите и им се извинуваше.

„Ќе има правилник, тој што ќе погреши ќе биде изнесен пред вас и заедно ќе го казниме. Нема излегувања, нема кафе, нема да ги гледаме нашите мајки додека не ја вратиме репрезентацијата на патот на кој треба да биде. Тоа ви го ветуваме. Мора да ги поддржите овие млади момци“, изјави Шехиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…