Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд ја „краде“ големата желба на Зидан

Борусија Дортмунд ја „краде“ големата желба на Зидан

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона веќе подолго време го следат Камавинга, но Борусија Дортмунд е спремна да го „украде“ пред носот на гигантите.

„Милионерите“ се експерти за купување на млади фудбалски таленти, па после Халанд сега се насочуваат кон Камавинга и се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Ајакс има нов тренер!

Италијанецот Франческо Фариоли и официјално е нов тренер на холандскиот гигант Ајакс. Изми…