Дома Фудбал Борецот Михајловиќ од болница директно на тренинг (фото)

Борецот Михајловиќ од болница директно на тренинг (фото)

Синиша Михајловиќ вчера беше пуштен од болницата после третиот циклус од хемотерапијата, а веќе денес се појави во тренинг центарот на Болоња.

Михајловиќ последен пат беше со својата екипа уште на мечот со Јувентус, а денес дојде да го води тренингот во тренинг кампот.

„Шефот се врати каде што припаѓа“, објавија од Болоња на Твитер.

Михајловиќ во наредните два-три дена ќе биде со тимот, но тешко дека во недела на мечот против Парма ќе биде стадионот. Сепак, медиумите пренесуваат дека Србинот е спремен во иднина да им се врати на секојдневните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…