Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Милан испрати понуда за Барди

„Бомба“ од Шпанија: Милан испрати понуда за Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра одлично во Леванте и го привлече вниманието на многу клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми тврдат дека за Енис Барди е силно заинтересиран италијанскиот гигант Милан.

Ел Чирингито“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремиле понуда од 5 милиони евра.

Леванте во моментов се наоѓа на последната позиција во Ла Лига и најверојатно ќе испадне од првенството, па Милан сака да го искористи тоа.

Милан е во потрага по креативен играч за врска и го сака Барди веднаш, иако македонскиот репрезентативец на лето ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…