Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Кавани!

„Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Кавани!

Не е тајна дека Милан е во напредни преговори за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но „росонерите“ имаат и план Б.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан достави понуда до агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, но се уште се чека одговор на шведскиот голгетер.

Наводно Ибра има понуда и од Евертон, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.

Поради тоа Малдини и Бобан оствариле контакт со ПСЖ и ја разгледуваат можноста за трансфер на Едисон Кавани на „Сан Сиро“.

Уругваецот е во последната сезона од договорот со ПСЖ каде го загуби местотио во стартниот тим од одличниот Мауро Икарди.

Кавани сигурно на крајот на сезоната ќе ја промени средината, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во јануари во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…