Maкедонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски го очекува настапот на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, но Илиоски сега ќе се натпреварува во бокс, иако примарна дејност не му е овој спорт.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денеска тој го дозна и првиот противник во квалификацискиот турнир. Илиоски ќе се бори против Патрик Барон. Во прашање е британски боксер во категоријата до 92 килограми.
Со својот тим Илиоски веќе се подготвува за настапот на турнирот кој ќе се одржи во Бусто Арсизмо, Италија.
Во минатото Илиоски имаше бокс мечеви, а против Барон ќе ги одмери силите на седми март.