Дома Фудбал Останато БЛАМ на Меси: Не го препозна сонародникот од Зенит со кој фотографираше! (Фото)

БЛАМ на Меси: Не го препозна сонародникот од Зенит со кој фотографираше! (Фото)

messi

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, се најде во навистина незгодна ситуација…

Репрезентацијата на Аргентина со многу маки се пласираше на Светското првенство Русија кое ќе се одржи наредната година. Користејќи го викендот без клупски обврски „гаучосите“ ќе одиграат пријателски натпревар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Аргентинците се наоѓаат во Москва каде што ќе ги одмерат силите со селекцијата на Русија.

Eдна од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, Лионел Меси, привлекува внимание каде и да се појави. Сите сакаат да имаат фотографија со Меси, па поради тоа асот на Барселона често позира.

Така беше и овој пат кога во лобито на хотелот беше замолен за фотографија, Аргентинецот излезе во пресрет и се фотографираше.

Ништо од ова не би било чудно, доколку не се работеше за неговиот сонародник и фудбалер на Зенит, Себастијан Дриусио кого Меси не го препозна.

„Се чуствувам лошо што не го препознав. Кога ме замоли за фотографија мислев дека е само едно момче кое чека на ред за фотографија. Потоа ја видов сликата на Инстаграм и му се извинив. Претходно разменувавме пораки преку други луѓе, а имаме и ист мајстор за тетоважи“, изјави Меси.

 

Gracias por la foto IDOLO?? @leomessi

A post shared by Sebastian Driussi ?? (@sebadriussi.11) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…