Англиските гиганти Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно зиантересирани за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ексклузивно пренесува гермнаски „Билд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Весникот тврди дека челниците на двата премиерлигаши уште во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат 28-годишниот офанзивен играч за врска.
Во моментов нема информации колкава сума на пари ќе понудат Арсенал и Јунајтед, но „Билд“ тврди дека двата гиганти ќе се бодат за потписот на германскиот репрезентативец. Во моментов Арсенал е далеку поконкретен, бидејќи Арсен Венгер во Ројс гледа фудбалер кој идеално би се фклопил во неговата филозофија и може да биде замена за Алексис Санчез.
Марко Ројс е надвот од терените поради повреда уште од мај оваа година, но тоа не ги спречува премиерлигашите да се борат за неговиот потпис, бидејќи неговиот талент и квалитет се неспорни.
