Дома Фудбал Останато Бешикташ го демантира Вардар: Нема договорена соработка помеѓу двата клуба

Бешикташ го демантира Вардар: Нема договорена соработка помеѓу двата клуба

Пред неколку дена на социјалните мрежи на Вардар се појави вест дека е договорена соработка помеѓу македонскиот и турскиот клуб, но се покажа дека во тоа нема вистина.

Турскиот гигант преку соопштение ја демантираше таа информација.

„Веста што се појави во македонските медиуми за соработка помеѓу нас и Вардар не е вистина. Сакаме да им посочиме на нашите фанови да не веруваат во информации кои не се објавени од нашиот клуб“.

Останува нејасно зошто тогаш Вардар објави дека е договорена соработка, нешто во меѓувреме можеби се случило или пак двете страни не се разбреле во целост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Баерн и ПСЖ до… Ренато Санчез пред изненадувачки потпис!

Ренато Санчез може наскоро да стане ново засилување за Хетафе и за првпат во својата карие…