Дома Тенис Бекер: Незамисливо е Австралија Опен без Ѓоковиќ

Бекер: Незамисливо е Австралија Опен без Ѓоковиќ

Легендарниот Борис Бекер се огласи по повод евентуалното отсуство на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Како што е познато, на Австралија Опен ќе играта само вакцинирани тенисери, а Ѓоковиќ не открива дали е вакциниран и дали ќе настапи на турнирот.

„Не можам да замислам дека Новак нема да игра во Австралија. Тој толку многу го сака овој спорт, толку многу ја сака историјата на тенисот. Тој сака да го освои 21. грен слем. Имаше најмногу успех на Австралија опен, таму веќе триумфираше девет пати, зошто да не и десетти“, изјави Бекер кој сепак порачува дека Ноле ќе мора да ги почувува правилата.

„Вели дека е приватно, дека никого тоа не треба да го засега. Се согласувам со тоа. Но ако сака да учествува на турнири, тогаш мора да ги следи правилата кои се јасни. Тоа значи дека мора да се вакцинира. Тоа важи за Новак, но и за сите други спортисти“, порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…