Дома Македонски спорт Мак фудбал Без промени на врвот во ВМФЛ: Нови победи на Воска, Гостивар и Вардар

Без промени на врвот во ВМФЛ: Нови победи на Воска, Гостивар и Вардар

И во 27-то коло од ВМФЛ фаворитите ја оправдаа својата улога и славеа победи.

Воска Спорт која игра одлично оваа сезона пред својата публика беше подобра од Арсими со 3:1 и така ја задржи предноста во однос на второпласираниот Гостивар кој исто така поебди денес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победникот беше одлучен уште во првото полувреме кога погодуваа Демири и Фетаи. Во второто видовме по еден гол на двете страни.

Сигурна победа забележа и Гостивар против Охрид со 3:0. Гостивар со овој триумф остана на втората позиција која носи директно во ПМФЛ. Гостивар има четири бода помалку од Воска и два повеќе од Вардар.

Од трката за директен влез во ПМФЛ не се откажува и Вардар. Црвено-црните славеа минимално со голот од пенал на Митев во 81-та минута.

ВМФЛ 27-ТО КОЛО:

Беласица – Вардар 0-1

Гостивар – Охрид 3-0

Воска Спорт – Арсими 3-1

Тетекс – Пелистер 1-1

Беса – Детонит 3-0

Слога Виница – Кожуф 2-1

Локомотива – Караорман 4-0

Каменица Саса – Борец 3-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…