Дома Фудбал Еуромилк, Кожуф и Камјани ќе играат во ВМФЛ!

Еуромилк, Кожуф и Камјани ќе играат во ВМФЛ!

Познати се три од четирите екипи кои од следната сезона ќе настапуваат во Втората македонска фудбалска лига, по денешните бараж натпревари што донесоа неколку интересни пресметки.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголемо изненадување направи Еуромилк, кој со победа од 2-1 над Саса се пласираше во второлигашкото друштво. Тимот од Лисиче со овој триумф стави печат на успешната сезона и се избори за промоција.

Кожуф со убедлив настап и сигурни 4-0 против Борец го потврди својот статус и за следната сезона во ВМФЛ. Екипата од Гевгелија така потврди дека поседува квалитет за место во Втората лига.

Во дуелот меѓу двата третолигаши, Камјани славеше со 2-0 против Победа Валандово и обезбеди подобра позиција во новата сезона.

Последниот бараж натпревар ќе се одигра во недела, кога Тетекс ќе се соочи со Влазними на стадионот во Ѓорче Петров, по што ќе биде познат и последниот патник во ВМФЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се израдува за корнер, а судијата ги испрати во соблекувална! (Видео)

Еден необичен момент го обележи крајот на првото полувреме помеѓу Арсенал и ПСЖ кога главн…