Барселона ќе го купи младиот напаѓач на Сао Паоло, Густаво Маја, потврдија медиумите во Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неодамна шпанските медиуми пренесоа дека Каталонците го договориле 19-годишниот талент на Сао Паоло, Густаво Маја.
Барселона тогаш плати еден милион евра (како капар), а требаше да доплати 3,5 милиони за да го донесе фудбалерот на „Камп Ноу“. Рокот за тоа истекува на 30 јуни кога Барса би добила 70% од сопственоста на младиот фудбалер.
Раководството на Барселона веќе го информирало бразилскиот клуб дека ќе ги доплати останатите 3,5 милиони евра за да го добие потписот на младиот талент. Остантаите 30% од правата ќе продолжат да бидат во сопственост на Сао Паоло.
Маја веќе учи шпански јазик и се подготвува за неговото доаѓање во Барселона. Тој може да игра на сите позиции во нападот и во Бразил му предвидуваат блескава иднина.