Дома Топ вести Барселона тргнува по ѕвезда од Премиер лигата

Барселона тргнува по ѕвезда од Премиер лигата

Играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс е новата трансфер цел на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Скаути на Барселона долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона сака да го засили средниот ред, а Тилеманс може да игра на неколку позиции и сметаат дека одлично би се вклопил.

Меѓутоа, Каталонците ќе треба да ја победат силната конуренција бидејќи за играчот интерес покажувата уште Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.

Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, а Лестер за неговата слобода бара 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…