Барселона покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Бетис, Набил Фекир, пренесуваат каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
28-годишниот Французин игра одлично веќе неколку сезони во Примера и Чави смета дека перфектно ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Фекир има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Лапорта ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори.
Оваа сезона Фекир одигра 29 меча за Бетис и на кои постигна 7 гола и запиша 7 асистенции.
Самиот играч го известил раководството дека сака да се пресели на „Камп Ноу“, но Бетис нема да го пушти за помалку од 40 милиони евра.