Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона е силно заинтересиранa за играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 24 годишен десен бек оваа сезона има 20 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, а има и четири гола, како и три асистенции.




Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а тоа го прави интересен за многу европски гиганти.




„Спорт“ пренесува дека Барселона стапила во контакт со неговиот агент и сака да го донесе играчот во јануари.




Со оглед на фактот дека Мазрауи на крајот може да замине како слободен агент, Ајакс е спремен да прифати понуди во зимскиот преоден рок.