Дома Фудбал Италија Барселона и Јувентус го сакаат Флик

Барселона и Јувентус го сакаат Флик

Европските гиганти Јувентус и Барселона се силно заинтересирани за тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


56-годишниот тренер објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, каде влезе во конфликт со дел од раководството.

Се шпекулираше дека Флик е сигурен за нов селектор на националниот тим, но сега европските гиганти ќе се обидат да го предомислат.

Јувентус не е задоволен од работата на Андреа Пирло и двете страни сигурно ќе се разделат на крајот на сезоната, па верува дека Флик би бил идеално решение.

Од друга страна Барселона веќе бара замена за Куман и Флик е на врвот на листата желби на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

Во Реал Мадрид почнуваат да ја губат трпеливоста кога станува збор за продолжувањето на до…