Дома Трансфер зона Барселона и Манчестер Сити го договорија најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Барселона и Манчестер Сити го договорија најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Барселона и Манчестер Сити се клубови кои имаат одлични односи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба во претходните години имаа голем број соработки, сега имаат нова во женскиот фудбал. Имено, Кеира Валш стана најскапата фудбалерка во историјата. Сумите во женскиот фудбал се мизерни кога ќе се споредат со оние во машкиот.

Така најдобрата фудбалерка на Европското првенство на кое стана шампионка со Англија ќе премине во Барселона за 400.000 евра. Со ова ќе биде надминат рекордот од 2020 година кога Челзи плати 100.000 фунти за Пернил Хардер.

Овие податоци најдобро покажуваат колку голема е разликата во вредноста и платите помеѓу фудбалерите и фудбалерките. Ќе потсетиме најскапиот трансфер помеѓу фудбалерите се уште е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…