Дома Трансфер зона Барселона започна преговори со Кристенсен

Барселона започна преговори со Кристенсен

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен и сака да го донесе на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој сега е слободен да преговара со други клубови.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе почнала преговори со агентот, па Каталонците се спремни да платат и висока провизија само да го донесат Кристенсен на „Камп Ноу“ без обештетување.

Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи конкуренцијата е голема, а и Челзи до последен момент ќе се обиде да го убеди да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…