Дома Трансфер зона Барселона го сака Бернардо Силва, Сити ја одреди цената

Барселона го сака Бернардо Силва, Сити ја одреди цената

Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.

Португалецот има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.

Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе го контактирала неговиот агент, бидејќи Португалецот е голема желба на Чави.

Медиумите на Островот сметаат дека овој трансфер е тежок за реализација бидејќи Сити за слободата на Силва бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…