Дома Трансфер зона Барселона го претстави Маркос Алонсо: Мислев само на овој клуб

Барселона го претстави Маркос Алонсо: Мислев само на овој клуб

Барселона го потврдија трансферот на Маркос Алонсо и со тоа го комплетираше тимот за новата сезона.

Левиот бек синоќа доби раскин на договорот со Челзи, па како слободен играч потпиша за Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алонсо потпиша договор до 30 јуни 2023 година и е пресреќен што ќе игра во клубот каде што настапуваше неговиот татко.

„Многу сум среќен, конечно еве ме во Барселона. Мислев само на овој клуб. Долго време сакав да се преселам во Барселона и мислам дека го направив вистинскиот потег. Многу е невообичаено да се игра во тимот во кој играше и мојот татко. Ова е дефинитивно уште една добра причина што се преселив тука. Тој исто така е среќен“, истакна Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…