Дома Топ вести Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гигант веќе ја започна потрагата по негов наследник.

Приоритет на Барселона следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Астон Вила, Џон Дуран.

Во Барселона веруваат дека 20-годишниот напаѓач може да стане еден од најдобрите во светот, и поради тоа сакаат да ја победат конкуренцијата.

Астон Вила неодамна потврди дека ова лето одбила дури 40 понуди за Колумбиецот.

Дуран сезоната ја започна одлично и неговата цена секојдневно расте, а Барселона верува дека може да биде долгорочна замена за Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…