Дома Фудбал Барселона го „блиндира“ големиот талент

Барселона го „блиндира“ големиот талент

Барселона е во завршни преговори со младиот талент, Алехандро Балде за продолжување на соработката, пренесуваат каталонските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на 19-годишниот Балде е приоритет за Каталонците. Левиот бек игра одлична сезона и се етаблираше како еден од најголемите шпански таленти.

Неговиот договор истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа Барселона сака што поскоро да ја продолжи соработката, бидејќи за Шпанецот интерес покажуваат мнигу европски клубови.

Последните информации се дека двете страни се блиску до договор и Балде ќе стави потпис на договор до 2027 година со откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико го објасни сарказмот кон Барселона: Многу сме лути, ситуацијата е сериозна…

По саркастичните објави поврзани со наводната трансакција на Хулијан Алварез во Барселона,…