Барселона е блиску до финализирање на новите договори на младуте таленти, Алехандро Балде и Инаки Пења.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека преговорите со двајцата таленти се во финална фаза и е прашање на денови кога ќе бидат потпишани новите договори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на 19-годишниот Балде е приоритет за Каталонците. Левиот бек игра одлична сезона и до сега одигра 20 меча, а беше повикан и на Мундијалот.
Во исто време 23-годишниоѕ голман Пења има одиграни само два меча оваа сезона. Меѓутоа, тој воодушеви со своите игри во Галатасарај минатата сезона, каде играше како позајмен играч.