Дома Фудбал Барса после три месеци се врати на „Ноу Камп“, тренираше и Меси (ФОТО)

Барса после три месеци се врати на „Ноу Камп“, тренираше и Меси (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона после три месеци повторно ќе одиграат натпревар во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ла Лига ќе продолжи на 11. јуни со натпреварот помеѓу Севиља и Бетис, а Барселона на теренот ќе истрча два дена подоцна кога гостува кај Мајорка. Каталонците се спремаат во полна пареа, а после подолга пауза денес конечно тренираа на „Ноу Камп“.

Во клубот одлучија да одработат тренинг на главниот терен. Она што посебно ги радува навивачите е што Лионел Меси тренираше.

Аргентинецот во претходните денови не тренираше поради повреда, но изгледа дека се е во ред. Меси и Семедо тренираа одвоено од остатокот на екипата според посебна програма, но се очекува да бидат спремни за натпреварот против Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголемиот навивач на Лео Меси има 100 години! Бабата ја освои публиката на Светското првенство /ФОТО/

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светс…