Дома Трансфер зона Барса конечно се сети: Му нуди нов договор на Жорди Алба!

Барса конечно се сети: Му нуди нов договор на Жорди Алба!

Раководството на Барселона донесе одлука да му понуди нов договор на Жорди Алба, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот репрезентативец веќе подолго време настојува да добие нов договор и зголемување на платата, но од „Камп Ноу“ до сега беа „глуви“ на неговите барања.

Алба е еден од најважните фудбалери на Барселона, но неговите финансиски услови се истите кои беа договорени во 2015 година.

Многу европски гиганти покажуваат интерес за левиот бек, па Барселона конечно одлучи да му понуди нов договор, кој најверојатно ќе биде потпишан во следните неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…