Дома Трансфер зона Барса испрати голема понуда за Тонали, тој сака во Интер или Јувентус

Барса испрати голема понуда за Тонали, тој сака во Интер или Јувентус

Италијанските и европските гиганти водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали.

Претседателот на Бреша, Масимо Челино денес откри дека Барселона испратила голема понуда за италијанскиот „бисер“, но Тонали веќе донел одлука.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, младиот плејмејкер сака да остане во Италија и го известил клубот дека сака да направи трансфер во Интер или Јувентус.

„Се заљубувам во одедени играчи кои не би можел да ги продадам. Мојата желба беше да изградам добар тим околу Тонали, но момчето има други планови. ПСЖ исптрати понуда, но тој не сака да оди во Франција, сака да игра во Интер или Јувентус“, откри Челино.

„Пред пандемијата со коронавирус Барселона испрати понуда од 65 милиони евра, но Тонали сака да остане во Италија. Мислам дека неговата иднина е горе-долу решена“, додаде претседателот на Бреша.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во пол-позиција за неговиот потпис, а трансферот ќе изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…