Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната како слободен агент.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид веќе подолго време преговара со Французинот и важи како фаворит за неговиот потпис, но сега во траката се приклучи и Барселона.




Според медиумите, Барселона е подготвена да плати голема сума на пари на Мбапе за да го обезбеди неговиот потпис уште во јануари.




„АС“ пренесува дека Каталонците се во можност да ја израмнат понудата на „кралевите“ и да му понудат на Французинот плата од 50 милиони евра.




Меѓутоа, самиот Мбапе во неколку наврати призна дека неговиот сон уште од дете е да го носи дресот на Реал Мадрид.