Дома Топ вести Барса вчера донесе анонимус, денес е откриена позадината на трансферот!

Барса вчера донесе анонимус, денес е откриена позадината на трансферот!

Барселона вчера направи изненадувачки потег и потпиша договор со холандскиот дефанзивец Мајк ван Бејнен кој доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со НАЦ Бреда.

Медиумите денес открија инетерсни детали и позадината на овој изненадувачки трансфер. Имено, овој 20-годишен фудбалер е син на Али Дурсун, агентот на фудбалерот Френки де Јонг кој ова лето ги засили редовите на Барселона.

„Скај Спорт“ пишува дека неговиот татко е Али Дурсун, менаџерот на Френки де Јонг, а интересно е тоа што Ван Бејнен и Де Јонг играле заедно и во младинскиот тим на Вилјем Втори.

Минатата сезона Ван Бајнен одигра само девет натпревари за младинскиот тим на НАЦ Бреда, а сега потпиша договор со Барса на само две години со откупна клаузула од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…