Дома Трансфер зона Барса во трка со времето да заврши уште два трансфери

Барса во трка со времето да заврши уште два трансфери

Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани прави максимални напри да финализира уште два трансфери до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според каталонски „Спорт“ приоритет останува купувањето на напаѓач, а главна цел е Алваро Мората. Со доаѓањето на Влаховиќ во Јувентус, „старата дама“ му ја отвори вратата на Шпанецот.

Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид, па останува уште „јорганџиите“ да дадат согласност за негов трансфер на „Камп Ноу“ на позајмица со право на откуп.

Агентите на Мората се во Италија и напорно работат да го комплетираат трансферот до 31 јануари.

Другиот трансфер е десниот бек на Ајакс, Николас Таљфико. Холандскиот клуб преферира да го продаде за постојано и веќе има понуда од Марсеј, додека Барса се обидува да го донесе на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…