Дома Трансфер зона Барса во потрага по стопер, три искусни имиња во игра

Барса во потрага по стопер, три искусни имиња во игра

Во Барселона се свесни дека мораат да ја поправат играта во одбраната, а во јануарскиот преоден рок би можеле и да се засилат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона не ја започна најдобро сезоната, но имаше среќа што Реал беше катастофален, како и што Атлетико забележа неколку киксови.

Недостасува Самуел Умтити кој ќе биде надворо од терените неколку месеци, па така на „Ноу Камп“ наводно сакат засилување во последната линија.
Засега во медиумите се споменуваат три имиња.

Барселона сака еден искусен стопер, а би можела да избира еден од Давид Луиз, Лоран Кошчиелни и Бранислав Ивановиќ.

Кога во прашање е Луиз, кај Сари во Челзи е стандарден и тешко е да се верува дека „сините“ ќе го пуштат да замине во јануари.

Кошчиелни се опоравува од тешка повреда и се уште не заиграл под водство на новиот тренер, Емери, но ја доби капитенската лента од почетокот на сезоната. Ќе видиме што на „Емирати“ мислат за негово евентуално заминување.

Според „Мундо Депортиво“ Бранислав Ивановиќ е и најдобро решение за Валверде со оглед на што Србинот може да игра и како десен бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…