Дома Македонски спорт Барди: Формата е подобра, добро е што во клубовите играме повеќе

Барди: Формата е подобра, добро е што во клубовите играме повеќе

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ремизираше против Финска во Скопје (1:1), во првиот од двата контролни натпревари во овој циклус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Финците во првото полувреме стигнаа до водство, а ние изедначивме во вториот дел со голот од пенал на Енис Барди. Стрелецот на голот смета дека како што фудбалерите играат повеќе во клубовите, така се подига и формата во репрезентацијата.

„Полека сите играчи се враќаат во потребната форма, навистина е добро што и во нашите клубови играме доста од нас, тоа се виде дека е многу важно. Само да продолжиме вака, ова беше еден тест за нашата селекција пред натпреварите кои ги имаме во март следната година. Да бидеме во форма, секој да собере сили и да го дадеме максимумот“, изјави Барди.

Следниот натпревар Македонија го игра в недела против Азербејџан исто така во Скопје.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…