Eнис Барди ужива во деновите на слава и неговата најдобра сезона во кариерата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Двата погодоци против Атлетик Билбао од слободен удар за само неколку минути, голот против Леганес исто така од слободен придонесоа македонскиот бисер да биде споредуван со ѕвездата светскиот фудбал и член на Барселона Лионел Меси.
Барди оваа сезона има еден гол (6) помалку од Меси директно од слободен удар, но неговата ефикасност е поголема бидејќи Меси се обидел 46 пати, а Барди само 16 и тоа веќе е добро познато.
Сепак, по вчерашниот натпревар шпанските медиуми повторно го споредуваа Барди со Меси, овој пат во друг сегмент.
Леванте вчера во натпревар со девет погодоци ја совлада Барселона со 5:4 и со тоа и го нанесе првиот пораз во сезоната.
Барди на оваа средба стигна до два погодоци и вкупно 9 во сезоната.
Од постигнатите девет Барди шест постигнал надвор од шеснаесетникот, единствен фудбалер кој оваа сезона постигнал повеќе од него е погодувате – Лионел Меси!
Enid Bardhi (22) has scored six LaLiga goals from outside this box this season.
Lionel Messi • 8 • is the *only* player with more.
Bardhi loves bangers, pass it on. pic.twitter.com/q8jC10Svho
— Scouted Football (@ScoutedFtbl) May 13, 2018