Дома Фудбал Италија Балотели: Роналдо ќе биде на спротивната страна? Не ми е гајле

Балотели: Роналдо ќе биде на спротивната страна? Не ми е гајле

Mарио Балотели утре конечно би требало да истрча на теренот во дресот на Бреша во еден официјален натпревар.

Италијанскиот напаѓач минатото лето се врати во Барселона потпишувајќи за Бреша, но во првите четири кола не можеше да настапи затоа што одработуваше суспензија заработена во француската Лига 1. Имено, тој во последното коло во минатата сезона против Марсеј заработи исклучување и суспензија од четири натпревари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Утре Бреша го игра натпреварот од петтото коло во Серија А. Бреша ќе го пречека шампионот Јувентус. Меѓутоа Балотели очигледно не е премногу возбуден што ќе дебитира против „старата дама“ и што на спротивната страна ќе игра Кристиано Роналдо.

„Дали идејата што ќе играм против Роналдо ме возбудува? Не, не ми е гајле…Меси и тој се најдобри во светот и сигурно ќе биде убаво да се игра против него, но тоа не ме возбудува. Искрено за мене натпреварот против Јувентус е како и секој друг“, порача Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…