Дома Фудбал Германија Баерн ќе ја отвори новата сезона во Бундеслигата

Баерн ќе ја отвори новата сезона во Бундеслигата

Актуелниот шампион Баерн ќе ја отвори новата сезона во Бундеслигата со гостување против Борусија Менхегладбах, објавија денес од овој шампионот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дуелот со кој ќе стартува Бундеслигата е закажан за 12. август.

На клупата на Баерн во официјален натпревар ќе дебитира Јулијан Нагелсман, досегашниот тренер на Лајпциг, додека на местото тренер на Минхенгладбах за првпат ќе биде Ади Хитер кој дојде од Франкфурт.

Баерн во минатата сезона ја освои деветтата титула во низа шампион на Германија. Во првото коло Борусија Дортмунд ќе игра против Франкфурт, додека актуелниот вицешампион Лајпциг ќе гостува кај Мајнц.

Финалниот натпревар од Суперкупот на Германија помеѓу Борусија и Баерн е закажан за на 17. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неверојатна ситуација: Не смеат да го победат Ливерпул ако сакаат место во Лигата на шампионите?!

Нереално сценарио се подготвува во англиската Премиер лига, такво што еден тим не смее да …