Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Перез го сака Кимих да биде наследник на Тони Крос, кој ја игра последната сезона во дресот на „кралевите“.
Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година и нема најави за негово продолжување.
Поради тоа Баерн Минхен е спремен да го продаде на крајот на сезоната и веќе ја одредил цената. „Билд“ пренесува дека за неговата слобода Баварците бараат 75 милиони евра.
Реал Мадрид нема да има проблем да ја плати таа сума, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Кимих интерес покажуваат уште Барселона и клубовите од Премиер лигата