Дома Трансфер зона Баерн ја најде замената за Ноер

Баерн ја најде замената за Ноер

Швајцарскиот голман Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.

Се очекува токму Зомер да биде замената за Мануел Ноер, кој се повреди и ќе го пропушти остатокот од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баварците се во потрага по негова замена, а изборот паднал токму на Зомер, кој има големо искуство во Бундеслигата.

Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може за симболична сума да го напушти клубот во јануари.

Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а бранеше одлично и за Швајцарија на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…