Дома Фудбал Брилијантниот потег на Марота: Продаде киксер за 50 милиони евра и за шест донесе голман кој руши рекорди!

Брилијантниот потег на Марота: Продаде киксер за 50 милиони евра и за шест донесе голман кој руши рекорди!

Интер направи одличен потег во летниот преоден рок со ангажманот на Јан Зомер од Баерн Минхен кој дојде на местото на Андре Онана.

Онана по добрата сезона на голот на „нероаѕурите“ се пресели во Манчестер Јунајтед каде што добива критики поради слабите настапи.

Од друга страна Зомер за кого Интер плати шест милиони евра постави рекорд во италијанската лига.

Зомер во првите 15 кола ја сочува својата мрежа и така стана првиот голман во Серија А на кого му успеало тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда ја врзува иднината со Гаштаров: нов договор по пробивот во првиот тим

Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда до 2031 година. Македонскиот репре…