Баерн Минхен има амбициозна трансфер цел за следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Сан“, Баварците покажуваат силен интерес за ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмињо за кого се спремни да платат 75 милиони фунти.
Од „Алијанц Арена“ се убедени дека Ливерпул може да се одлучи да го продаде Фирмиња на лето, бидејќи „црвените“ спремаат трансфер на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.
Раководството на Баерн Минхен спрема голема трансфер кампања ова лето, а покрај Фирмињо главна цел ќе биде и ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане.
Меѓутоа, На Баерн ќе му биде исклучително тешко да го убеди Јирген Клоп да се ослободи од 28-годишниот Бразилец, кој е клучен во неговиот тим.