Дома Фудбал Германија Баерн доби одлични вести пред натпреварот против Арсенал

Баерн доби одлични вести пред натпреварот против Арсенал

Голманот на Баерн, Мануел Ноер денеска се врати на тренинзите, пред да отпатува со тимот во Лондон, на првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал.

Во март, Ноер го скина левиот бутен мускул за време на тренингот на германската репрезентација и ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Холандија, како и двата порази на Баерн од Борусија Дортмунд и Хајденхајм во Бундеслигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој денеска учествуваше на последниот тренинг на Баерн во Минхен и прогнозите се добри за негов настап во Лондон, иако се очекуваше дека нема да може да помогне. Се чини дека Ноер и лекарскиот тим на Баерн сепак ја добија трката со времето.

Со враќањето на Сане, Кингсли Коман, Александар Павловиќ и Нусаир Мазрауи, тренерот на Баерн Томас Тухел го има на располагање речиси целиот состав за дуелот против Арсенал.

По двата последователни порази во Бундеслигата, Баерн заостанува 16 бода зад лидерот Баер Леверкузен, па јасно е дека ќе ја загуби домашната титула по 11 сезони доминација. За Баерн токму Лигата на шампионите е единствен начин за спас на сезоната.

Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Баерн е закажан за утре од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…