Екипата на Ајакс вчера беше елиминирана во полуфиналето од Лигата на шампионите, а веќе денес ги претстави новите дресови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што може да се забележи дресовите се многу слични како и оваа сезона, а произведувачот е истиот – „Адидас“.
Единствена поголема разлика е што на ракавите ги нема трите добро познати лини кои се карактеристика за скоро секој дрес кој е дизајниран од оваа компанија.
Како и да е на навивачите сигурно ќе им се допадне новиот дрес, а тие сигурно ќе се надеваат дека можат барем до некаде да имаат успешна сезона како оваа која изминува.



