Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид го купува „новиот Модриќ“

Атлетико Мадрид го купува „новиот Модриќ“

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.

Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.

Скаутите на многу европски гиганти веќе подолго време го следат Ловро Мајер, а најконкретен е интересот на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за 24-годишниот плејмејкер, но Рен не сака да го пушти за помалку од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…