Дома Фудбал Асенсио ја зеде „единаесетката“ од Бејл

Асенсио ја зеде „единаесетката“ од Бејл

Познати се броевите со кои ќе играат фудбалерите на Реал Мадрид во новата сезона.

„Кралевите“ успеаа да се ослободат од Герет Бејл, кој се пресели во Тотенхем на едногодишна позајмица, а неговата „единаесетка“ од оваа сезона ќе биде на грбот на Марко Асенсио.

За овој дрес интерес пројави и Винисиус, но имаше проблем. Тој викендов ќе игра против Реал Сосиедад и е веќе пријавен со број 20 и според правилата на ла Лига потоа не може да го менува.

Повратникот во Реал Мадрид, Мартин Одегард го избра дресот со број 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…