Дома Трансфер зона Арсенал со нова, рекордна понуда за Каиседо

Арсенал со нова, рекордна понуда за Каиседо

Арсенал инсистира за потписот на Моисес Каиседо и испратил нова, рекордна понуда до Брајтон.

Англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ понудиле 75 милиони фунти за Еквадорецот и се надеваат да го комплетираат трансферот до крајот на денот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се реализира трансферот тоа ќе биде рекорден трансфер во историјата на Арсенал. До моментов наскапа аквизиција е Николас Пепе кој пристигна на „Емирати“ за 80 милиони евра, додека трансферот на Каиседо ќе достигне 85 милиони евра.

Каиседо е примарна трансфер цел  на Арсенал, кој претходно испрати две понуди од 60 и 70 милиони фунти, но Брајтон ги одби и двете. Самиот фудбалер инсистира на трансфер и не тренира со тимот веќе неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …