Активното трансферно лето на новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери продолжува со ангажманот на Матео Гендузи, кој доаѓа од францускиот второлигаш Лориен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
19-годишниот играч за врска е 5-то засилување за „топџиите“ ова лето и за него Арсенал ќе плати 8 милиони фунти.
Гендузи е продукт на школата на ПСЖ и веќе играше за сите младински категории на француската репрезентација. Денес и официјално беше претставен на „Емирати“ каде ќе го носи дресот со број 29.
„Матео е исклучително талентиран фудбалер и за него имаше интерес од многу клубови ширум Европа. Располага со огромен потенцијал“, изјави Унаиу Емери.