Дома Македонски спорт Ардијан Аземи стартуваше со победа на Европското првенство во Будва

Ардијан Аземи стартуваше со победа на Европското првенство во Будва

Македонскиот младински репрезентативец во бокс, Ардијан Аземи, со победа ги започна настапите на Европското првенство во Будва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аземи во категоријата 91 килограм со едногласна одлука на судиите го победи Јакуб Стражевски од Полска, следен противник на нашиот боксер е Хрватот Гацина Дује.

На Европското првенство во Будва, Македонија уште двајца претставници, браќата Илхан и Ајхан Озмен.

Во категоријата 64 кг, Илхан Озмен во второто коло ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.

Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …